Најдобриот македонски ракометар  и капитен, Кирил Лазаров, е втор на листата на стрелци на тековниот Мундијал во Германија и Данска по две кола. Кирил Лазаров со 16 гола е зад Уве Генсхајмер од Германија кој има гол повеќе од нашиот капитен кој е исто така втор но на листата на асистентите, има 11 и  е зад Житников од „зборнаја“.

Голманот Борко Ристовски е во топ 10 , тој е на осмата позиција со 40% ефикасност  или одбранети 25 од 62 шута, прв е Николас Ландин од Данска.