Кирјос казнет со 16.500 долари

Австралискиот тенисер е казнет со вкупна казна од 16.500 долари и тоа со максимални 10.000 за недоволно залање на мечот со Миша Зверев, 5.000 заради вреѓање на навивач и 1.500 заради неспортско однесување, соопшто АТП.

Кирјос изгуби од Зверев во второто коло во Шангај, а во текот на натпреварот неколку пати незаинтересирано ја префрлаше топката преку мрежа, се караше со публиката и пред да заврши поенот тргнуваше да седне на клупата.

Инаку, Новак Џоковиќ стаса во четвртфиналето преку канаѓанецот Поспишил, а на ред е играта со истиот тенисер што го извади од такт Кирјос.