Клинички центар со нов лик, регулиран и среден сообраќај

Во Клинички центар во скопје веќе нема да има сообраќајни гужви, автомобили на тротоарите, блокирани возила на итната помош. Направени се измени во внатрешноста на Клинички во поглед на сообраќајна регулација, паркирање и обновено е зеленилото.

Вака изгледа сега:

,,Ова е Клиничкиот центар вечерва. Со нов лик, нови и проширени тротоари, зелени појаси и дрвореди, одвоени ленти за итна помош, патеки за посетители и лица со медицински помагала и велосипеди, како и ново улично осветлување. Да го зачуваме Клинички уреден, сликите од минатото да не ни се повторуваат. Јавното здравје е заедничка одговорност – од нас зависи“-велат од МЗ.