Клинтон и Трамп не се ракуваа

На почетокот на втората претседателска телевизиска дебата што се одржа во Сент Луис во државата Мисури, двајцата претседателски кандидати Доналд Трамп и Хилари Клинтон, откако излегоа на бината и беа претставени од модераторот, не се ракуваа:

Ова, секако, предизвика бројни коментари кои се поврзуваат со нивната се поочигледна нетрпеливост создадена во текот на кампањите, на кои се вадат сите валкани работи и не се бираат средства.

Но, тоа го сторија на крајот од дебатата.