На состанокoт на одборот на прволигаши кој се одржа на 22. февруари во куќата на фудбалот единствена точка на дневен ред беше законот за донации во спорт и ваучерскиот систем.

Покрај претставниците на клубовите на состанокот беа присутни и в.д. Претстедателот на ФФМ, Муамед Сејдини, генералниот секретар Филип Поповкси, како и претставникот на владата Даниел Димевски. На покана на одборот на прволигаши, како гости исто така беа присутни и екипи, претставници од Втора МФЛ.

Констатацијата на клубовите беше дека критериумите кои се бараат во правилникот изготвен од Агенцијата за Млади и Спорт се премногу високи за фудбалските екипи. Тие исто така забележаа дека сумата за распределба која следува на фудбалските екипи е премала. В.д Претседателот на ФФМ Муамед Сејдини потенцираше дека ќе го подржи секое барање на екипите на Прва и Втора МФЛ.

На крајот на средбата беше договорено да се изготви барање заедно со ФФМ и на некој начин доколку е можно да се издејствува во иднина  промена на критериумите за доделување на ваучери прилагодени на специфичностите на фудбалот, независно од другите спортови. Беше договорено подготовката на ваквото барање да се разгледува на следната средба закажана за петок, 01.03.2019 година во Фудбалската Федерација на Македонија.