Клуч на Европа за празниците поради лошата состојба со Ковид 19

Европа се заклучува за време на божикнте и новогодишните празници, пишуваат повеќе водечки европски медиуми откако владите на земјите на ЕУ, но и пошироко на континентот, донесоа одлука за делумно или речиси целосно затворање.

Германија е меѓу земјите со најдрастични мерки против Ковид 19.

До 10 јануари во оваа земја ќе работат само продавниците од витално значење за граѓаните и супермаркетите и тоа со скратено работно време.

Училиштата и градинките се затворени, а поголем дел од вработените работат од дома.

Во голем дел од покраините на Германија има забрана за движење во ноќните часови.

И собирањата по дома се лимитирани на само неколку души од потесното семејство.

Во Франција досегашните рестриктивни мерки се надополнуваат со класичен полициски час во вечерните часови, од 20 часот , па до рано наутро.

Иако во двете земји нема новогодишни прослави, препорачуваат и во домашни услови семејствата да немаат блиски контакти и да нема пеење.

Во Холандија во наредните 5 недели ќе бидат затворени сите училишта, поголем дел од продавниците, фризерските салони, театрите, теретаните и сето она што се смета дека не е од витално значење.

Во Велика Британија и во Италија веќе има голем број рестриктивни мерки, но е најавено нивно заострување.