,,Книга на славните“ за ракометарките на Вардар

Навивачите може да  се простат од  ракометарките на Вардар преку потпис во “Книгата на славните”

,,Како резултат на сите пораки на поддршка и благодарност до клубот за сите радости во изминативе пет сезони, раководството на ЖРК Вардар ќе им овозможи на сите свои фанови да ја искажат својата љубов и благодарност кон ракометарките на Вардар со потпис во специјално направена “Книга на славните”.  Секој ќе може да ги запише своите пораки, желби, поддршка и пред сѐ благодарност за она што  го овозможија сите ракометарки што настапуваа во изминативе шест сезони.

Книгата ќе биде отворена во периодот од  16 до 20 мај , од 10-22 часот, во Фан шопот на Вардар кој се наоѓа во склоп на СЦ”Јане Сандански”-соопшти ЖРК Вардар.

На ракометарките на Вардар им престанува ангажманот во тимот и тие се сега слободни. Вардар е во неизвесна положба, откако Русинот Сергеј Самсоненко престана да го финансира клубот.