Коалицијата ВМРО ДПМНЕ-ДУИ пропаднала заради СЈО

Талат Џафери од ДУИ во емисија на Тв21 изјави дека некоалицирањето со ВМРО ДПМНЕ е заради тоа што Никола Груевски и раководството на оваа партија одбиле да прифатат продолжување на мандатот на Специјално јавно обвинителство.

Претходно Џафери за косовска телевизија изјави дека претседателот Ѓорге Иванов без размислување треба да му го даде мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев и го обвини дека тој ги спроведува наредбите на ВМРО ДПМНЕ место да размислува што е демократска и парламентарна пракса.

ВМРО ДПМНЕ изминатиот период водеше интензивна негативна и пропагандистичка кампања против СЈО и Специјалната обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим. Секојдневно лиферуваше соопштенија во кои измислуваше разни причини зошто не треба да се продолжи мандатаот на ова обвинителство. Ја обвинуваа Јанева дека одработува за СДСМ/Сорос.

Најжестоко ја нападнаа кога СЈО објави дека го отфрла обвинението за случајот ,,Пуч’ кој претходно го презеде од Основното обвинителство, а во кој обвинети се Зоран Заев и Зоран Верушевски.

АКО.мк