Коби Брајант и неговата ќерка се погребани на приватна церемонија

Легендарниот кошаркар Коби Брајант и неговата ќерка Џиана се погребани минатиот петок во кругот на семејството на приватна погребна церемонија, пренесува New York Post.

Некогашниот играч на Los Angeles Lakers и кошаркарски репрезентативец на САД и неговата 13 годишна ќерка загинаа на 26 јануари при пад на приватниот хеликоптер на Коби, а со нив загинаа уште 7 лица.

Таткото и ќерката се погребани во Корона дел Мер, а јавната церемонија за последна почит за сите жртви ќе се одржи на 26 февруари во Стејплс центарот во Лос Анџелес.

,,Ванеса и семејството одлучија погребот да биде приватен за да можат достојно да жалат и да ги испратат своите најблиски. Погребната церемонија беше многу тешка за сите присутни“ пренесува Entertainment Tonight, кој прв ја објави страшната вест за трагедијата на Брајант.

New York Post@nypost

Kobe Bryant, daughter Gianna laid to rest in private Los Angeles funeral https://trib.al/AJGvJ4R 

View image on Twitter