Кога кафето и честа на државата чинат 20 евра

Дали угледот на државата ни вреди 20 ЕВРА?
(Писмо испратено до МВР)

Синоќа ( 08.12.2016), во 21часот и 30 минути, автобус на Рул транс, со правец на движење Скопје-Подгорица, пристигнал на граничниот премин „Блаце“. Униформирано лице, влегло во автобусот да ги прегледа пасошите. На тројца патници, жена од 47 години, повозрасен човек од 75 години и младо момче, сите од Црна Гора, им биле земени пасошите и им било наложено да се симнат од автобусот. Биле однесени малку подалеку од автобусот и униформирано лице кое им ги зело пасошите, , високо со наочари, им наредил ДА МУ ДАДАТ 20 ЕВРА ЗА КАФЕ, и да не прават проблем, бидејќи истите немале пријава за престој. Откако му дале 20 ЕВРА им ги вратил пасошите и им било дозволено да поминат граница. На патниците НЕ им била дадена никаква ПОТВРДА за „уплатени“ средства.

Сакам да истакнам дека на патниците при влез во Македонија НЕ ИМ БИЛО КАЖАНО дека треба да се пријават во полициска станица. Но, доколку е веќе направен прекршок зошто истиот не е финансиски санкциоиниран со официјален документ и… зарем во Македонија услугите се плаќаат во ЕВРА?

Исклучително ми е жал што угледот на државата го продаваме за 20 евра.
Со почит,
Силвана Бркуљан, 09.12.2016

Ова е писмото упатено на официјаланата веб страница на МВР каде граѓаните може да пријават корупција и злоупотреба од службени лица на министерството.

Патем, службеното лице што им ги побарало дваесетте евра на патниците, претходно им се заканило дека доколку не му ги дадат тие пари, ќе треба да платат по 700 евра казна.

AKO.MK актуелно-објективно