Кои се близнаците Трајковски и што ги поврзува со Орце Камчев

Состојбата на синоќа ранетиот Даниел Трајковски при вооружената престрелка на булеварот Партизански одреди по опеарцијата на КАРИЛ е се уште тешка, јавуваат медиумите. Доцна вечерта изминатиот ден пукотници ги потресоа жителите и минувачите на скопски Карпош. Како во мафијашки филм, бркотница на автомобили, а потоа пукање.

Во пресметката тешко е ранет 46 годишниот  Даниел, еден од браќата Трајковски од Ѓорче Петров, кои пишуваат медиумите, добро и биле познати на полиоцијата, а и во подземјето.

Оние , што не се довололно запознаени со ,,состојбата,, во македонското подземје, се прашуваа веројатно, кои се близнаците, бидејќи некои медиуми и не даваа многу објаснувње, небаре некои многу славни личности или граѓани.

Неодамна весникот Дневник, соптвеност на МПМ, а со тоа и на Орце Камчев, објави напис во кој тврдеше дека од лажен ФБ профил токму Даниел Трајковски му се заканува на Камчев и изнудува рекет.

Дневник пишуваше дека скопјанецот Даниел Трајковски, брат близнак на Дејан Трајковски кој е во бегство поради осомниченост за убиство во обид, од профилот со име Перла Трајковска, упатил сериозни закани и барал рекет од 50 милиони евра од бизнисменот и сопственик на МПМ, Орце Камчев, како и до екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.

-,,Еден метак кошта два евра, а за тоа немаш одбрана со кум ти… Така да на крај ќе биде 2 евра работата на Камчев у глава и две евра за Мијалков у глава, четири евра ќе кошта услугата, без работна рака… Гратис работна рака… Или ќе платиш 50 милиони евра или таксиметарот ти чука… Орце Камчев запамти во Дебар од кај што потекнуваме нема место за два лава. Даниел близнак! Да живее Зоран Заев идниот премиер на Македонија! Со вас претседателе до смрт!“, наводно напишал   Трајковски во пораката од лажниот профил во која на почетокот , покрај Камчев и Мијалков го спомнувал и Никола Груевски.

Заканата со убиство е пријавена до МВР и до Јавното обвинителство на РМ. Даниел Трајковски и неговиот брат и се добро познати на полицијата, пишува Дневник.

Според податоците на некои провладини портали, пренесува Дневник , тие заедно имаат 21 кривична пријава, а Дејан, кој е во бегство е осудуван и на казна затвор во траење од 5 години и 2 месеци. Меѓу делата кои им се ставаат на товар се напад на службено лице, криумчарење, држење и тргување со оружје, распрскувачки материјали, напад со орудие опасно по живот при тепачка, учество во толпа, фалсификување на исправа, употреба на лажни податоци, давање на лажен исказ и загрозување на општа безбедност. И двајцата се блиски до СДСМ , тврди Дневник во написот од август годинава.

Пред извесно време, зборувајќи за врските на СДСМ со криминалното подземје и за браќата близанци од Ѓорче Петров, Васко Ефтов во својата емисија „Во Центар“ наведе: „Еден од главните играчи во тој инцидент (Дејан Трајковски, н.з.), случајно е член на Извршниот одбор на СДСМ во општина Ѓорче Петров и случајно е близок соработник на сегашниот портпарол на СДСМ и дел до најтесното раководство Петре Шилегов и таму некаде во кампањата 2014 година случајно е негов возач. Гледате, СДСМ сега смета дека со опкружување или со приближување до дел од криминалното миље, може да очекува одредена прераспределба на гласовите. Затоа и се спојуваат со Чаушот и затоа и се спојуваат со дел од овие криминални структури…“-го цитира Дневник Ефтов.

Инаку, Перла Трајковска, односно Даниел Трајковски, пишува весикот, во своите закани до Камчев и до Мијалков ја споменува и телевизија Алфа. Познато е дека тој сега е возач на Драган Наков, еден од синовите на Штерјо Наков, а Фершпед се јавува како фирмата преку која телевизија Алфа беше основана. Дали со ова станува збор и за праќање некакви пораки од бизнисменот Штерјо Наков до ВМРО-ДПМНЕ и Мијалков преку Даниел Трајковски?, се прашува во август Дневник.

Како и да е, го завршува текстот Дневник, со оглед на досието на браќата Трајковски, заканата со убиство е сфатена сериозно, надвор од обичните секојдневни повраќаници, како што се изразува Дневник, кои се одомаќинија по македонските социјални мрежи, па затоа и се алармирани државните органи. Од друга страна, случајот има и своја политичка димензија, па очигледно, освен правна, ќе мора да биде зафатен и од таква разрешница,,- е текстот објавен во Дневник на 6 август 2016 година.