Коко ужива во новото живеалиште

Шимпанзото Коко, кое 10 години беше на ресоцијализација во Холандија, неодамна се врати во Зоолошката градина во Скопје. Со него, беа донесени уште три шимпанза, Мими , Роси и Хјасл.

Тие беа во карантинскиот дел за да се адаптираат, но оваа денешна фотографија покажува дека Коко веќе е прилагоден на ново-старата средина.