Колинда во прегратка со словенечкиот претседател Пахор

,,Објем“. Ова е единствениот збор како коментар за фотографијата што словенечкиот претседател Борут Пахор ја објави на својот Твитер налог по неофицијалната средба со хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, која веќе стана светски популарно со своето гушкање со сите.

Објем, или Прегратка покрај фотографијата на која се гледа цврстата прегратка на двајцата претседатели.

Грабар Китаровиќ без најава ,. вчера го посетила словенечкиот претседател на поминување кон Хрватска.

Агенцијата СТА наведува дека Китаровиќ  често се среќава со Пахор, а последниот пат се виделе на трилетарната средба со австрискиот претседател.

Во Хрватска веќе се води сериозна полемика дали ваквото однесување на нивната претседателка, не ги поминува границите на пристојно однесување.