Светските медиуми по завршувањето на турбулентната 2018 година, прават рекапитулација на најважните, но и најсмешните и најбизарните снимки и фотографии кои ги оставија во наследство неконвенционалните светски лидери. Несомнено, хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, беше во жижата за време на светското фудбалско првенство во Русија. Таа комплетно ,,одлепи“ од претседателскиот протокол и скокаше, навиваше, се прегрнуваше со сите, потскокнуваше…Но, се чини дефинитивно претера со нејзиното однесување кога влета во соблекувалната на полуголите и испотени хрватски фудбалери, кои не беа воодушевени од нејзината намера да ги ,,залепи“ до себе. Но, сепак, претседателката победи:

Американскиот претседател е преокупиран со својата необична фризура, па покрај Северна Кореја и Русија, за него најголем непријател е ветрот, па уште проследен со дожд:

Францискиот претседател Макрон, му одржа лекција на еден тинејџер, бидејќи тој го нарече Ману, што е негов прекар и наместо Марсељезата, ја пеел химната на социјалистите:

Тој исто така остана запаметен и по умилкувањето на лутиот Трамп, па го галеше за коленото и се обидуваше да го одоброволи:

Британската премиерка Тереза Меј, покрај Брегзитот, остана запаметена по нејзините танчерски способности:

Но, се чини Јункер им води на сите во лудориите.

Сѐ на сѐ, претераните обиди да се биде природен, ги прави светските лидери во многу ситуации да бидат комични или крајно бизарни и неприродни.

Извор:светски агенции,РТС