Хрватската претседателка , која стана медиумска атракција со нејзините емотивни пораки и навивање за хрватската фудбалска репрезентација, овојпат е во центарот на регионалната јавност заради нејзината поддршка на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Таа на својот ФБ профил постави заедничка фотографија со Новак, со следната порака:

,,На Новак Ѓоковиќ, голем човек и спортист, од срце му посакувам финале на Вимблдон. Чест ми е што имав прилика во Умаг лично да го запознам“-пишува Китаровиќ.

Новак Ѓоковиќ, претходно ѝ даде поддршка на хрватската репрезентација во мечот со Англија на Светското првенство.

Вчера беше прекинат мечот меѓу Ѓоковиќ и Надал со резултат 2 спрема 1 за Србинот.

Продолжението се игра денеска во 14 часот.

Победникот ќе игра во финале со Јужноафриканецот, Кевин Андерсон.