Тал Оран е популарен видео-блогер, кој има речиси 90.000 претплатници на YouTube и 160.000 на Facebook. ,,Патувачкиот Клат“

(The Traveling Clatt ) е брендот под кој снима и како што сугерира името, неговите видеа ги документираат неговите патувања низ целиот свет.

Неодамна, пред пандемијата, ја посети Македонија и си постави како предизвик да ги изброи статуите од Скопје 2014. Изброја 122, притоа на пример, споменикот на Воинот на коњ, иако има придружни статуи, го сметаше како еден.

Ова е луд град!-извика јутјуберот броејќи ги статуите во центарот на Скопје.

,,Ја броевме СЕКОЈА статуа во центарот на Скопје, Северна Македонија! – тоа се вика ПРЕДИЗВИК Скопје 2014-вели во објаснувањето од видеото познатиот јутјубер.

И покрај ова ,,лудо“ искуство, тој напиша дека Македонија му е омилена земја од сите балкански.

,, Беше одлично искуство и мислам дека ова е мојата омилена земја што ја посетивме во целиот балкански регион. Македонија има посебно место во моето срце!“-напиша Тал Оран.

Тал Оран има направено стотици вакви репортажи низ светот со кои го привлекува вниманието на јавноста , но и заработува добри суми пари продавајќи ги на интернет преку претплата.

Во интервју за creatorinterviews.com , Оран раскажува како тој го води својот бизнис со блогирање. Објаснува за тоа како ја зголеми својата публика во текот на изминатите пет години, до моментот кога сега остварува приход со полно работно време од тоа. Ја раскажува приказната за тоа кога и како „стана вирално“ неговото прво видео во 2017 година.

Оран го објаснува и своето растечко незадоволство од Јутјуб и како Facebook се движи на територијата на YouTube. Според Оран, Фејсбук во моментов им нуди на креаторите на видеа помалку цензурирана платформа и многу повеќе од четири пати поголема заработка.

Ова беше фасцинантно интервју со успешен млад творец на YouTube (и Фејсбук), така што се надевам дека ќе уживате во овој пост преполн со увид, вели авторот на ова интервју.

Како започна Патувачот Клат?

Патувачот Тал Оран

Оран го објави своето прво видео поврзано со патување на Јутјуб во октомври 2013 година, со скоро 5-минутно снимање видеокамера на знаменитостите во Израел. Сепак, дури во април 2014 година започна да се оформува тековниот формат на неговиот канал. Тогаш 17-годишниот Оран се појави пред камерата за да ја воведе својата нова цел: да патува сам во Африка и да го документира патувањето преку YouTube.

Отогаш секојдневно расте неговата популарност и добива повеќе следачи на социјалните мрежи.