Комерцијална банка воведе нов начин на бесконтактно плаќање со мобилен телефон 

Комерцијална банка за прв пат во Македонија воведе бесконтактно плаќање со мобилен телефон наместо со картичка.

Со новата апликација KomPay, на клиентите им е овозможено да ги дигитализираат своите Mastercard® картички од Комерцијална банка и бесконтактно да плаќаат со нивниот Android™ телефон на продажни места опремени со ПОС терминал за бесконтактно плаќање (со Mastercard®).

Постапката на наплата е многу едноставна, односно идентична како и при плаќање со бесконтактна картичка. Износот се внесува во ПОС терминалот и се избира ОК, по што треба само да се приближи/допре картичката или телефонот.

Единствената разлика е што, дури и за износи над 750 денари, ПОС терминалот нема да побара внесување на ПИН код бидејќи постапката за плаќање со телефон е со највисоко ниво на сигурност. Исклучок може да се јави само кај одредени постари генерации на терминали, кои за износи над 750 денари може да побараат ПИН за картичката.

За плаќањето се користат средства од сметката за картичката – исто како при плаќање со картичка. KomPay е достапна за бесплатно преземање од Google Play и веќе бележи одличен одѕив. Очекувајте сѐ повеќе купувачи да одберат да платат на овој брз и најпрактичен начин на плаќање до сега.

Доколку имате какви било прашања во врска со KomPay и постапката за наплата, можете слободно да ни се обратите на (02) 3247-474 или karticki@kb.com.mk.