Комисијата ќе препорача укинување на полицискиот час и отворање на границите од 1 јуни

Од 1 јуни да се отвораат границите на Македонија со соседите, а полицискиот час да се укине. Овие, како и други мерки ќе препорача Комисијата за заразни болести, дознава Фактор.

Според Фактор, состанокот состанокот на комисијата се одржал утринава, а според нивните сугестии ќе биде дозволено кафулињата и угостителските објекти да се отворат во четврток. Препораките ќе бидат доставени до Владата која денеска треба да се изјасни..

За денеска се уште нема закажана владина седница, но не се исклучува да биде одржана.

Извор од Комисијата за Фактор вели дека полицискиот час секако нема ефект затоа што граѓаните не се придружуваат. Додава и дека и покрај тоа што границите ќе се отворат, Македонија најверојатно нема да е пожелна земја за сите други, ако има многу новозаразени, пишува faktor.