Комунални инспектори војна водат со ,,старо купујем“ низ Скопје и околината

Општина Аеродром, Лисиче, Долно Лисиче и пошироко во оваа околина се на удар на луѓето кои секојдневно кружат низ населбите и наводно, купуваат старо. Како што е општо познато, тие всушност добиваат пари да ги земат старите работи од населението или да ги расчистат подрумите, а потоа ги фрлаат каде ќе стасаат.

Секое утро ,,нова пратка“ стар мебел и друг кабаст отпад околу контејнерите. Долж течението на реката Вардар во Скопје безброј диви депонии. Црна точка е старата депонија Вардариште каде покрај купиштата диви ѓубришта , има и диви населби со Роми кои секоја вечер се грејат на отпадоци, стари гуми и друго и енормно ја загадуваат околината. Ги трујат жителите на Аеродром со токсични гасови. Навечер, сведоци сме, не се дише.

Неодамна расчистената дива депонија кај мостот во Долно Лисиче повторно е создадена и запалена.

,,Повторно несовесните одлагачи на кабаст и друг вид отпад на локација до мостот во населбаДолно Лисиче. Покрај исфлање на ѓубрето на јавен простор истото го палат и предизвикуваат општа опасност по здравјето на граѓаните.По брзата реакција на дежурните Испектори и ПП Бригада на Град Скопје пожарот беше локализиран. Следува истрага за сторителите“-најавија од Инспекторат на Град Скопје.

Но не се проблем само овие луѓе. Со приватни камиончиња секојдневно се истураат огромни количини градежен шут. Неодамна граѓани снимија неверојатна глетка на тукушто реновираниот пат кон Нерези. Камион покрај патот исфрли огромно количество шут. Млади луѓе пред некој ден ,,живи“ фатија исто такви несовесни луѓе кои истурија цел камион градежен шут покрај Вардар, иако гледаа дека ги снимаат.

https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=476&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fo2inicijativa%2Fvideos%2F1004910786688644%2F&show_text=false&width=267