Конгрес на СДСМ за утврдување на пратеничките листи

Денеска во Скопје во хотелот Александар Палас ќе се одржи 21 конгрес на социјалдемократите, на кој ќе бидат утврдени конечните листи за пратеници. Партијата до последен момент не ги открива потенцијалните носители на листите по изборни единици, но и евентуални имиња на кандидати за пратеници.

Се очекува сигурни носители да бидат лидерот на партијата Зоран Заев, заменик претседателот Радмила Шеќеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски, а меѓу кандидатите за пратеници да се најдат Стево Пендаровски, Мухамед Зекири, Рената Тренеска Дескоска, Фросина Ременски и други.

Извесно е дека меѓу кандидатите за пратеници ќе се најдат и претставници на граѓанскиот и невладин сектор, независни и експерти од разни области.

Претходниот, 20-ти конгрес на оваа партија беше одржан на почетокот на октомври, на кој беше усвоена и претставена програмата за претстојните парламентарни избори насловена како План за македонија.