Заев: Сите сте потребни !

,,Ги отвораме вратите за сите граѓани,секој е важен,секого ќе ислушаме и прифатиме” – рече лидерот на социјалдемократите на 20 тематски конгрес на партијата. СДСМ се менува, порача Заев.

„Точно е СДСМ се отвори, битката што се отвори е поголема и многу важна за да ја водиме сами. Затоа пораката од овој конгрес е – секој е важен, секој има мака, идеја, секого ќе ислушаме, секому ќе подадеме рака. Чувте и жени и мажи и нечии родители и нечии деца. Програмата не е дело на некои луѓе кои се затвориле во канцеларии и твореле. Ние сме само моливот во рацете на граѓаните. Ги отворавме вратите, разговаравме со граѓаните. Од денеска секој штаб и канцеларија да ги остави вратите отворени. Луѓето знаат каде може да тропнат. Ќе ги слушаме и ќе ги решаваме нашите проблеми. Вака му доликува да работи на Социјалдемократскиот сојуз и само така ќе работи“, рече Заев.

Праша..

„Што ќе славиме на 11 декември? Пад на режимот? Тој е веќе паднат. Ние граѓаните го турнавме. Нас не ни треба победа заради победа, заради хранење на егото. Што тогаш ќе славиме на 11 декември? Ќе го славиме животот во нашата прекрасна Република Македонија!“, рече претседателот на СДСМ.

Освен за една фамилија и мала група околу нив, за повеќето граѓани ова не е живот, рече Заев.

„Крпен живот во моментов не е само наслов на книга, туку најпрецизно објаснување за ова што се случува. Но како би живееле ако имате помали трошоци за живот, кога не би се плашеле да влезете во супермаркет, кога не би биле под стрес од неплатени сметки, или кога би имале пари да отидете на одмор? Ништо ова што го набројав не е луксуз. Секој има право на достоинствен живот. Нема индивидуална среќа без колективна, животот ни го покажа тоа на сите нам“, рече тој.

Европските социјалисти им дадоа поддршка на социјалдемократите. Тројката Ричард Ховит, Кен Хорстет и Џакомо Филибек на денешниот Конгрес на социјалдемократите им изразија поддршка за претстојните избори во декември.

Поранешниот известувач за Македонија, пратеникот во Европскиот парламент, Ричард Ховит, смета дека глас за СДСМ на следните избори, е глас за иднината на граѓаните.

„Глас за СДСМ претставува глас за образование, глас за работни места, глас за подобрување на животниот стандард…глас за партија која сака да ги зближи граѓаните без разлика на нивните различности“, рече Ховит. Тој е горд на начинот на кој лидерството на СДСМ се справило со политичката криза во Македонија.

„Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, внесовте боја во македонската политика“ , им се обрати директно Ховит.

Силвио Берлускони во споредба со Груевски е аматер, рече на конгресот на СДСМ Џакомо Филибек заменик на претседател на партијата на европските социјалисти.

„Уморни сме. Поминаа две години од скандалот, а потоа владејачката партија игра игри и ја префрла топката. Ние сме уморни, може да замислам колку сте вие исцрпени“, истакна Филибек.

Зборуваше и заменик претседателот на СДСМ Радмила Шеќеринска, најавувајќи проекти и мерки во образованието и здравството.

k1 k4
k3 k2