Конгрес на СДСМ

Во недела, на втори октомври, СДСМ ќе го оддржи својот 20 конгрес.

Конгресот ќе биде програмски и тематски, а ќе се дискутира за приоритетите на идната влада во првите шест месеци, велат од оваа партија, како и за форматот на коалициране за претстојните парламентарни избори.

Пред два дена, лидерот на социјалдемократите Зоран Заев учествуваше на трибина организирана од невладиниот сектор со наслов Итни реформи на новата влада, на која зборуваше за приоритетите во нивната програма, доколку ја освојат власта.

Тој рече дека барањата на граѓанскиот сектор во голема мера ќе се земат предвид и ќе се имплементираат.

Конгресот ќе се одржи во хотелот Александар Палас.