Конерс: Русија стои зад сајбер-нападот на демократите!?

Конгресменот од Демократската партија, Џон Конерс, изјави денес дека американски разузнувачки претставници постигнале „јасен консензус“ дека руската влада стои зад сајбер-нападот на Демократскиот национален комитет (DNC).

Конгресменот од Мичиген и член на одборот за правосудство и внатрешна безбедност рече дека Федералното истражно биро треба да испита зошто Русија сака да ги поткопа претседателските избори во САД.

Конерс истакна дека се сложува со оценката на претседателот на Претставничкиот дом на Конгресот, Пол Рајан, дека „Русија е глобална закана која ја предводи подмолен насилник.“

Директорот на ФБИ, Џејмс Коми, не може да потврди или да демантира дали агентите на таа служба ги испитуваат наводите за тоа дека советник на Доналд Трамп комуницирал со руски претставници.