Конечно седница на Собрание на РМ

 

Реплика и контрареплика меѓу пратениците на ВМРО ДПМНЕ. Ова е сега тактиката на оваа партија како наметнување на работа на почетокот на продолжението на конститутивната седница на Собрание на РМ.

Претходно пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски побара од секој кандидат за претседател на Собранието да ја отфрли  платформата на Албанците.

Според него, претседателот на Комисијата за избори и именувања и претседателот на Собранието секогаш доаѓаат од победничката пратеничка група, а таа на овие последни избори беше ВМРО-ДПМНЕ.

– Сметаме дека кандадатот за претстедател на претседател на комисијата и на Собранието треба да биде од редовите на оваа партија. Претседателот на Собранието треба да го претставува победникот, а Владата може да биде формирана од други партии – рече Милошоски.

Процедурално се јави пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, кој рече дека начинот на кој постапува ВМРО-ДПМНЕ  е заради одолговлекување на  оваа седница.

– Најголем дел од пријавите за реплика на Милошоски се од ВМРО-ДПМНЕ. Гледаме како и на кој начин ВМРО-ДПМНЕ се обидува да се одолговолекува оваа седница. Зошто трошевме време и со кого се координиравме кај вас? Се доведува состојбата до апсурд ако ние 4-5 кооординатори сме се договареле во свое лично име, а ова што сега го гледаме излегува дека Трајко Вељаноски сам се договарал со некои партии – рече Спасовски.