Конзервативна невладина организација ,,Judicial Watch“ поднесе тужба против СД и УСАИД за финансирање на Сорос-Македонија

Американската невладина организација декларирана како конзервативна , Џудишал Воч, поднесе тужба против  Стејт Департментот и Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) за извештаи и комуникации во врска со финансирањето и политичките активности на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Според тужбата, УСАИД од 2012 до 2016 година пренасочила 5 милиони евра кон Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос во Македонија кои  преку проекти тренирале  илјадници млади Македонци  „на теми како што се слободата на здружување, младински политики, граѓански иницијативи, убедливо аргументирање и користење на медиумите“.

„Американската влада тивко трошела милиони долари од даноците на своите граѓани со цел да се дестабилизира демократски избраната Влада ориентирана кон десен центар во Македонија преку соработка со левичарскиот милијардер Џорџ Сорос. Американскиот амбасадор во Македонија, назначен од Барак Обама, Џес Бејли, работел позади сцената со фондацијата на Сорос „Отворено општество“ за да префрла големи суми на американски долари за таа цел. Што претставува дека вмешаноста на американскиот амбасадор во Македонија во домашните политички работи, се коси со Виенската конвенција за дипломатски односи.

Еве како тајната операција функционира според високи избори во Македонија и САД, кои ги предале извештаите на „ЏудишалВоч“ како дел од истрага која трае:

Фондацијата „Отворено општество“ финансирала 10-ци левичарски невладини организации во Македонија со цел да се направи преврат на власта. Еден македонски функционер кој направи интервју со „Џудишал Воч“ во Вашингтон ги нарекува „војската на Сорос“. Овие групи организираат младински движења, создаваат медиуми и организираат насилни протести со цел да се поткопаат институциите и политиките на владата. Една од овие групи на Сорос ја преведе публикацијата на Саул Алински „Правила за радикалите“ на македонски. Книгата е прирачник за пресврт и дава совети за радикални улични протести и наведува дека Луцифер бил првиот радикал. Благодарение на амбасадорот поставен од Обама, кој не беше заменет од администрацијата на Трамп, Чичко Сем се уште испраќа финансии за групите да продолжат да оперираат и регрутираат, ја брифирале оваа конзервативна невладина  извори во Македонија.