Конститутивната седница во Собрание ја води стариот претседател Трајко Вељановски

Конситутивнта седница наместо најстариот пратеник од новоизбраиот состав Бранко Манојловски како што е според деловникот, ја води Трајко Вељаноски, чиј мандат престана, а воедно тој е избран и како пратеник во новиот состав.

На ова реагираше Оливер Спасовски од СДСМ:

„Досегашната практика и одредбите од Деловникот се јасни,  најстариот пратеник треба да претседава со конститутивната седница. Не го читате ставот во кој се вели дека најстариот пратеник треба да заседава? Деловникот е променет во 2008 година, но ниту во 2011 ниту во 2014 не сте претседавале со конститутивната седница. Зошто воведувате нови правила?-праша Спасовски и обвини дека спикерот во заминување го крши Деловникот и врши насилство во Собранието.

На седницата присуствуваат 118 новоизбрани пратеници, од кои дури 58 беа и во минатиот состав. Не дојдоа двајцата пратеници од ДПА од кои едниот е Мендух Тачи, кој си даде оставка на претседателското место во партијата.