Контроверзниот Здравко Мамиќ преживеа обид за убиство

Рано утрината двајца маскирани напаѓачи се обидоа да го убијат контроверзниот сопственик на ФК ,,Динамо“, Здравко Мамиќ.

Како што информираат хрватските медиуми, атентатот врз Мамиќ се случил во местото Зидине крај Томиславград, во Хрватска. По пукањето врз него, тој е пренесен со прострелна рана во натколеното, а по санирање на повредата е пуштен на домашно лекување.

До инцидентот дошло пред четириесетина роднини на Мамиќ пред капелата на локалните гробишта. Сопственикот на Динамо бил на помен кај својот татко.

Во момемтот кога почнале да излегуваат од капелата, двајца маскирани напаѓачи се појавиле пред Здравко Мамиќ и почнале да пукаат, но го погодиле само во ногата, по што избегале.

ФК ,,Динамо“ пукањето врз нивниот советник Здравко Мамиќ го оцени како обид за убиство и класична ликвидација.