Копа Америка: Уругвај пресилен за Еквадор

Уругвај го преслуша Еквадор со 4-0  на Копа Америка . Старата „гарда“ на Уругвај едноставно маршираше победнички на оваа средба на која блескаа Кавани и Суарез.

Уругвај немаше никакви проблеми со Еквадор, победата со четири голови разлика во класи на двете селекции. Уругвај поведе со голот на Лодеиро по 6 минути игра. Следуваа головите на Кавани во 33 и Суарез во 44 минута. Конечните 4-0  ги постави Артуро со авто гол во 78 минута. Во ова прво коло од конкуренцијата Ц, вечерва се сречаваат Јапонија  и Чиле.