Коронавирусот повторно влезе во дом за стари лица во Петроварадин

Короната не се предава, пишуваат српските медиуми. По целосно олабавување на мерките за заштита од овој вирус во соседна Србија, вчера се регистрирани нови 48 случаи на заразени, од кои 28 во еден дом за стари лица во Петроварадин.

Заразени се 22 штитеника и 6 вработени.

Потешките клинички случаи се згрижени на Инфективната клиника во Нови Сад, кај повеќето има лесна клиничка слика, а домот е затворен и целосно дезинфециран.

Надлежните уверуваат дека ова е изолиран случај и дека се држи под контрола.

Велат дека е рано за евентуално враќање на некои рестриктивни мерки во Нови Сад, но и дека тоа е секогаш опција ако се влоши ситуацијата.