Корона вирусот кобен за гевгелискиот музичар и пејач Васил Ангов

Вчера, пред полноќ (23 октомври 2020) престана да чука срцето на гевгелискиот музичар, пејач, повеќекратен учесник на македонските фестивалски сцени, Васил Ангов.


Гевгеличани ги шокираше и веста дека Васил е третата ковид жртва во Гевгелија.

Неговиот син Андон, доцна синоќа на Фејсбук ја објави веста за смртта на неговиот татко.

“Почивај во мир Тато…. Короната нѝ те зема предвреме“ – напиша Андон.


Васил Ангов во 1995 година настапи на фестивалот „Макфест“ каде ја отпеа „Премногу ти верував“, по која и стана препознатлив.

Ангов зад себе остави неколку песни „Оди адио“, „Магични зборови“, „Твојот дневник“.

Настапи и на Скопскиот фестивал, а препознатлив беше и со неговите настапи во Гевгелија и беше омилен кај публиката заедно со неговиот син Димитар.


Ангов починал во болнички услови во Скопје, по поставувањето на респиратор, но коронавирусот беше немилосрден кон неговите присутни коморбидитети во организмот, ивестуваат локалните медиуми.