Корона жариште во најголемата кланица за свињи во Германија

Една од најголемите клници за свињи во Германија и во Европа, германската ,,Тенис“, е во карантин откако 730 рботници се покажаа како позитивни на коронавирус.

Несудениот инвеститор во Србија, за кој српскиот претседател веќе имаше помпезна најава, се соочува со сериозни последици затоа што не ги почитувал заштитните мерки во време на епидемија од зараза.

Како што пишува Дојче Веле, во карантин се наоѓаат околу 7.000 луѓе, а во местото Реда-Виденбрик, кадешто се наоѓа оваа месна индустрија, затворени се училиштата и сите јавни објекти.

На помош дојде војската за да може експресно да се тестирааат сите вработени, околу 5.000.

Јавното обвинителство покрена истрага против сопственикот за сериозни прекршувања на мерки кои доведуваат до загрозување на здравјето на луѓето.

Ова не е прва кланица во Германија во која букнува корона вирусот, но е најголема. Затоа, германските власти започнаа широка истрага за условите во кои работат работниците.

И во оваа и во другите, тоа се претежно доселеници од источна Европа.

Истрагата во ,,Тенис“ покажа дека најмногу има од Бугрија и од Романија, кои живет во мизерни усслови.

Видео снимка од внатрешноста на кланицата покажува дека не се почитуваат условите на заштита и дистанца.

Вработените јадат седнати еден до друг, работат без заштитна опремаа, просториите во кои се сместени се со неколку кревети и без основни услови за хигиена.

Гераманскиот сојузен министер за труд најави крај на ова зло, како што рече, пренесува Дојче Веле.

Во кланицата ,,Тенис“, дневно се колат по 20.000 свињи.

Сопственикот на фабриката Клеменс Тенис, на српската јавност ѝ е познат од 2014 година, кога тогашниот премиер, сега претседател, Александар Вучиќ, прошета низ неговата кланица и најави голема инвестиција во Србија.

Вучиќ и Тенис во најголемата кланица во Германија 2014 г.

Извор: Дојче Веле, RTL