Корупцијата се врати на голема врата во Македонија

Transparency International во последниот извештај предупреди дека масовната корупција, која енормно расте и социјалната нееднаквост, се главни причини за јакнење на популистичките лидери низ светот. Овој погубен синџир мора да се прекине, велат од оваа организација.

Според индексот на корупција од земјите на Југоисточна Европа Косово кое е на 95 место останува најкорумпирано, а сега Македонија на 90 место, е веднаш зад Косово и од 2015 година има пад за 24 места.

Хрватска се наоѓа на 55, Црна Гора на 64, Србија на 72, Босна и Херцеговина на 83, Македонија на 90 и Косово на 95 место според индексот на корупција.

Најмалку корупција има во Данска и Нов Зеланд, потоа Финска и Шведска, а најмногу во Сомалија.