Косово ќе формира своја војска

Претседателот на Косово Хашим Тачи му го предаде нацрт законот за формирање нови безбедносни сили на територија на Косово на претседателот на Собранието Кадри Вејсели.

Со ова започнува процесот на трансформација на безбедносните сили на Косово во војска.

“Оваа моја законска иницијатива за унапредување на безбедносните сили е неопходна и се прави заради заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет, зачувување на мирот и регионална стабилност“-изјави Тачи.

Ова е еден од најголемите камења на сопнување со Србија па сега на овој начин се обидуваат да формираат армија, затоа што за измени на Уставот нема да ја добијат потребната согласност и гласови од српската заедница.

Следуваше остра реакција на Србија која смета дека на овој начин косовското раководство се обидува да го одземе ова ,,парче српска територија“. Марко Ѓуриќ задолжен во владата за Косово и Метохија изјави дека се подриваат напорите за стабилизирање на состојбата и ги доведе во прашање преговорите под покровителство на Брисел.