Костадинов: Мојот покоен татко беше една од жртвите на режимот на Груевски

,,Голема нервоза во антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Не знаат ниту што зборуваат ниту каде тераат. Фатени во шемите на Мицкоски со Груевски за хидроцентрали, изолирани, заглавени во истата режимска матрица која 11 години ја пустошеше земјава.

Споменувањето на мојот покоен татко е нов дел од тажната епизода во којшто се наоѓа ова антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Сите фирми коишто денеска беа прочитани на прес конференција работеле законски, плаќале даноци, обезбедувале плати, но како и многу други, безброј други фирми, морале да затворат поради лошата бизнис клима, поради бројните инспекции, притисоци, или како Миле што вели во една од бомбите „пиштење-вриштење“ по налог на Никола Груевски и неговите соработници.

Да, мојот покоен татко е еден од многуте жртви на режимот на Никола Груевски.Но, мојот личен мотив да се борам за правда, правдина, и подобро утре не е поврзано со мене лично, туку со иднината на мојата татковина. Тука многу се разликуваме со Наум, многу, тој одработува за антизападното раководство кое брани криминал, јас се борам за иднината на нашата заедничка Македонија“-реагираше пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов по прозивките на членови на неговото потесно семејство од страна на ВМРО ДПМНЕ.