Костадинов: Советникот на Мицкоски репетирал автоматска пушка кон соседите

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, на прес конференција објави дека советник на опозицискиот лидер, а поранешен дипломат, Томислав Димитровски, им се заканувал со автоматска пушка на соседите.

,,Скандалозно, советникот на Мицкоски, поранешниот дипломат Томислав Димитровски, репетирал автоматска пушка и ја вперил кон соседите.
Насилничката матрица е силно присутна во ВМРО-ДПМНЕ.
Христијан Мицкоски е опкружен со советници-насилници, остатоци на груевизмот, блиски до неговиот шеф Никола Груевски.
Насилничко однесување на советникот на Мицкоски потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ нуди само насилство и тензии кон сопствените граѓани.
Таков е односнот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кон граѓаните. Тоа е истото ВМРО-ДПМНЕ кое 11 години им се закануваше на граѓаните и ги малтретираше.
Христијан Мицкоски е опкружен со луѓе кои промовираат и поттикнуваат насилство. Во неговиот кабинет има и лица кои се закануваат со автоматско оружје кон граѓаните.
Димитровски беше амбасадор поставен од Никола Груевски, денеска е советник и дел од кабинетот на Христијан Мицкоски.
Недозволиво е било кој да им  се заканува со огнено оружје на граѓаните, а најмалку човек кој е дел од кабинет на шеф на политичка партија.
Ако Мицкоски мисли дека со насилници, со закани и насилство ќе ги исплаши граѓаните и на тој начин ќе го ублажи поразот на изборите, страшно се лаже.
Времето на уцени и закани кон граѓаните заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Мицкоски нема да го врати ниту режимот, ниту заробената држава.
На 12 април тој и неговите советници насилници ќе доживеат нов убедлив пораз од граѓаните“-изјави Костадинов.

Од ВМРО ДПМНЕ со контра прашање кое се однесува на Заев и на Спасовски.

,,Костадинов да го праша Заев за случајот Монструм и зошто дозволи еден од убијците да избега?

Костадин Костадинов треба да одржи една прес конференција пред МВР и да го праша Оливер Спасовски до каде е истрагата за убиецот на Мартин Јанушев, до каде е истрагата за напаѓачите од Рузвелтова, зошто ниту едно убиство не е разрешено!?

Што се однесува до случајот со Томислав Димитровски, тоа е приватна случка, која МВР треба да ја истражи и да постапи согласно закон.

Граѓаните очекуваат и истраги и процесуирање на криминалите на оваа власт, но тоа СДСМ не може да го спроведе, тоа ќе го спроведе новата влада на ВМРО-ДПМНЕ  по 12-ти  април. Кога секој што се огрешил кон законите  ќе одговара за стореното“- се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.