КОХА: Поранешниот сопственик на ТВ Ера Абдула Мехметај тврди дека сопругата се обидела да го убие

Абдула Мехметај, поранешен сопственик на ТВ Ера од Скопје, за порталот коха.мк тврди дека на 3 јануари неговата сопруга Арлинда се обидела да го убие.

Тој за весникот КОХА вели дека настанот се случил во 02:40 часот по полноќ, на 3 јануари.

Според неговата изјава, по мозочниот удар што го преживеал, со сопругата имале договор да се грижи за него до крајот на животот.

Но, во критичната ноќ, додека тој спиел на стомакот, наводно таа го врзала за креветот и го измачувала со тепање. Според него, сето тоа се случило поради наследството.

Мехметај тврди дека успеал да се ослободи и се обидел да избега на долниот кат, но наводно Арлинда го удрила со чекан во главата.

Изјавата за Коха ја дал од болница, каде е на лекување, пишува весникот.

Од друга страна, семејството на Арлинда дало изјава во полиција дека таа со години била малтретирана од Абдула Мехметеј.

Критичната ноќ за да се спаси, избегала кај нив дома, откако Мехметај ја нападнал и ја претепал Арлинда, која исто така е хоспитализирана.

„Поради 20-годишни брачни проблеми, психичко и физичко малтретирање од страна на нејзиниот сопруг, дури и минатата ноќ кога Арлинда избега беше брутално претепана од нејзиниот сопруг. Арлинда се уште е во болница. Нејзините две ќерки се наоѓаат кај роднините на нивната мајка со тешки психички и физички повреди. Сите овие информации се достапни и за полицијата која е известена за случајот.

(Koha.mk)

Извор: koha.mk