Коцевски: Додека сум јас градоначалник нема место за турбофолкот на градските манифестации

Градоначалникот на Велес, Аце Коцесвки, најавувајќи ја програмата за манифестацијата Велешка питијада која се одржува наредните три дена, рече дека тој нема да дозволи настап на турбофолкери на манифестации кои ги плаќа и организира градската управа.

,,Мораме да се грижиме за нивото и културата, а и ограничени се средствата со кои располагаме, па затоа нема да има гости од соседството“-рече Коцевски во изјава за ТВ 24.

Тој најави дека целата културно-уметничка програма ќе биде отстапена на македонски изведувачи.

За разлика од велешкиот градоначалник, некои градоначалници ја продолжија традицијата на нивните претходници и како главни пејачки ѕвезди ги канат скапите турбофолкери од Србија.

Нивните гостувања на градските плоштади општините ги чинат десетици илјади евра.