Коце Трајановски не бил присутен кога Трајковски бил нападнат

По информацијата дека поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, бил со Тони Трајковски кога тој бил нападнат во Гази Баба, стигна објаснување од Трајановски. Вели дека не бил со трајковски кога се случил инцидентот. Не спомнува кавга за кучиња, и бара МВР да ги најде насилниците.

,,Синоќа се случи брутално претепување на мојот пријател Тони Трајковски. Бидејки се споменува моето име сакам да ве информирам за одредени детали кои во јавноста најверојатно ненамерно добија лош призвук. Синоќа заедно со Тони околу половина час се шетавме по патеката покрај парк шумата Гази Баба. Патеката е на стотина метри пред зградата кај што живее Тони. Веројатно насилниците чекале тој да остане сам. Нападот се случил по нашето разделување.
Крајно кукавички е во мрак да нападнеш и да избегаш. Полицијата мора веднаш да ги пронајде насилниците и да ги изведе пред лицето на правдата“-пишува на ФБ Трајановски.

Тони Трајковски, екс-градоначланикот на Гази Баба вчера пријавил дека бил нападнат од две лица поради наводна кавга за куче.

Додека пешачел во близина на „Ремедика“, во скопска Железара сретнал две лица кои шетале расно куче, но без поводник и маска.

Трајковски изреагирал и им кажал дека му е страв и потоа прво започнале вербална расправија, а потоа и физички го нападнале. Тој случајот го пријавил во МВР околу 23.35 часот и кажал дека напаѓачите не ги познава.

Од МВР потврдија дека е пријавен ваков случај, но се систражува и се бараат напаѓачите.

Вчерашното судење за случајот „ТНТ“, во кој им се суди на Трајковски и на Гуевски за уривањето на ,,Космос“ на Фијат Цаноски, се одложи токму поради здравствената состојба на Трајковски.