На отворена седница на барање на една од странките во случајот ,,Притвор за Сеад Кочан“, Апелацискиот суд ќе решава по жалбата на одбраната за изрекување 30-дневен притвор за осомничениот за нелегално стекнати 17 милиони бизнисмен.
Сеад Кочан речиси една недела е на ,,службен пат“, недостапен за органите на прогонот.
Во такви услови Апелацискиот суд треба да реши дали е потребен или не притвор за него.
Минатитот четврток Кривичен суд му одреди притвор на бизнисменот Сеад Кочан, а Специјалното јавно обвинителство го сомничи за противправно стекнување на имотна корист во износ од една милијарда денари или околу 17 милиони евра.
Од СЈО тврдат дека Сеад Кочан и правните лица „Трансмет“, „Силекс неметали СТ“ и „ВАТО“ од Студеничани со фалсификувани документи учествувале и добиле тендер за вадење руда од Суводол за потребите на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ).