Кој ги пали автомобилите на велешани?

Ново опожарување на два автомобила се случи изминатата ноќ во Велес. Според СВР Велес опожарени се едно возило ,,Пасат“ и еден ,,Опел“ кои биле паркирани пред станбена згарад.

Како што кажуваат очевидци,  „Пасатот“, е  сопственост на АД Благој Ѓорев кое најчесто било управувано од извршниот директор, инаку  поранешен пратеник, а било паркирано пред заградата во која живее. Ова возило било прво запалено, а соседното паркирано било зафатено од огнот.

На местото на настанот увид направи екипа на СВР Велес.

Инаку, за неполни четири години во Велес се  запалени  автомобилите на тројца судии, еден висок полициски службеник, комерцијалниот директор на Жито Вардар и сега овие два од кои едниот на поранешен пратеник и Извршен директор на  маслодајната фабрика.

Во архивите може да се најде веста од 2006 за случајот на поранешен пратеник од Велес Горанчо Лазов.
Имено, во веста се вели дека судијата Валентин Зафиров од основниот суд од Велес му изрече ослободителна пресуда на Горанчо Лазов, екс директор на фабриката за масло “Благој Ѓорев” од Велес, по обвинението за злоупотреба на службената должност и овластување. Поранешниот директор и екс пратеник Лазов не е виновен, смета судот, наспроти основното јавно обвинителство кое го товареше екс директорот на Прехранбената индустрија “Благој Ѓорев” АД за кривичното дело.
Според обвинението, Лазов во својство на извршен директор, со намера нелегално да заработи пари, од фирма од Невада, САД, склучил договор за купопродажба на 250 тони нерафинирано сончогледово масло, по цена од 650 евра за тон, франко Велес, во вредност од 162.500 евра. Маслото било набавувено од фирмата “Златна Тракија” од Бугарија по цена од 561 евро за тон.