Кој ги пали палмите во Охрид?

Доцна синоќа во Охрид е запалена уште една палма и тоа во центарот на Градот. Порталот Охрид прес го регистрираше горењето на палмата, а четиметарското дрво е запалено од засега непознат сторител.

Ова е трето палмино дрво што е запалено, а сите тие се од влакнестите палми што ги набави ЈП,,Македонски шуми,, од Кина, и кои се засадени низ повеќе градови во Македонија.

Историјатот на овие палми е полн со нелогичности, од тоа кому му текна да купува сакпоцени палми од Кина, како дојдоа до заклучок дека ќе успеат во Македонија, па се до нивното облекување, туширање и слично.

Во Охрид има засадено околу 200 палми, но најмалку една третина веќе се исушија.

АКО.мк актуелно-објективно