Кој директорува со средното училиште во Кавадарци

Скандал го тресе СОЗШУ Ѓорче Петров во Кавадарци,обвинија кавадаречките социјалдемократи.

На прес конференција ОО на СДСМ Кавадарци обвини дека постојат сериозни индиции дека директорот на средното училиште Благој Димитров бил вмешан во криминал, а најскандалозно e тоа што против него има и правосилна судска пресуда за насилство врз ученик од 2009 година.

– „Градоначалникот Александар Панов упорно го држи на раководна позиција Димитров во установа во која што треба да се образуваат ученици. Директорот научилиштето, како што пишува тука, го удирал ученикот со дневник и го туркал, при што, како што стои во пресудата, на детето му биле нанесени телесни повреди.Димитров со помош на градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните инсталации во судот, според информациите што ги имаме, извадил фалсификат потврда дека не е осудуван и така до денес директорува со училиштето Ѓорче Петров,обвинуваат од ОО на СДСМ Кавадарци.

Тие побараа од надлежните органи да испитаат и дали освен што има пресуда за насилство врз ученик, директорот на земјоделско шумарското училиште во Кавадарци, партиски кадар на Груевски, купил трактор на наместен тендер?

-„Дали Димитров, од позицијата директор има проневерено 12.000 евра и продолжува нерационално да троши пари на училиштето и дали директорот на земјоделско шумарското училиште прави криминал со дрвата од научно наставната шума од 360 хектари, сопственост на самото училиште?

Директорот на училиштето Благој Димитров, за утре најави прес конференција.

Билјана Н. Тошевски