Кој е тајниот заштитник на Сеад Кочан од Нови Пазар?

На интернет не може да се најдат многу информации околу сопственикот на компанијата Garo Reisen или Гаро Раизен кој наводно му помага на Сеад Кочан во бегството. Кочан веќе дваесетина дена е во бегство и се бара со меѓународна потерница .

Компанијата Гаро Раизен, за која што пишува порталот а1он дека го крие сопственикот на ,,Трансмет“, се занимава со туристичка и превозна дејност, а има своја туристичка агенција која нуди разни аранжмани низ светот, но сепак основна дејност се чини е патничкиот превоз. Поседува модерни патнички автобуси кои сообраќаат низ цела Србија, потоа Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и во Германија.Седиштето на компанијата се наоѓа на улицата ,,Стефан Немања“ во Нови Пазар, но има и свои претставништва во Белград , Нови Сад и други градови низ Србија.

Во личната карта на компанијата не може да се најде кој е сопственик, но ако се оди по трагата на ФБ профилот на кој е и фотографијата на почетокот од текстот, како и неговите објави на личниот ФБ профил кои го пиоврзуваат со сопственост на ,,Гаро Раисен“, може да се претпостави дека се работи за Сенад Јашаревиќ.

Доколку е точно дека лице со овие генералии го крие Сеад Кочан, тогаш сите насоки и податоци кои може да се најдат и да се споредат водат до компанијата ,,Гаро Раисен„ и семејството Јашаревиќ од Нови Пазар. Секако ова е неофицијално и непотврдено, бидејќи засега е невозможно да се воспостви контакт со наведеното лице.

АКО.мк