Кој прави пуч во ,,Пуч”?

 

,,Застанете! Не си одете судија, и одговорете каде  ви е сведокот Никола Груевски? Ова е процедурална реакција и мора да ми одговорите. Зошто Судот не го поканил сведокот Груевски за денешното закажано рочиште?“- реагираше бурно адвокатот на одбраната  до  судијката Љубинка Башевска откако таа сакаше да замине од судницата по одложувањето на процесот Пуч во кој им се суди на лидерот на СДСМ Зоран Заев, на Зоран Верушевски, Соња Верушевска и на Ацо Палифов од Струмица.

Реагираше и Зоран Верушевски: “Чекајте, ова не може повеќе вака! Не можете до бескрај да го одлагате ова судење и да ја мафтосувате целата јавност!“

“Престанете. Го навредувате судот. Ќе ве казнам за нарушување на редот во судницата!“, одговори судијката Љубинка Башевска, која  го одложи судењето и имаше намера да си оди.

Но, таа мораше да се врати по реакцијата на   Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која  не и дозволи да си замине. Јанева  ја обвини Башевска дека година дена ја манипулира јавноста и го одложува  судењето .

“Како не ви е срам! Една година ја манипулирате јавноста, нѐ малтретирате сите. Првин не ни ги дававте доказите, ние од СЈО сме немале безбедносни сертификати. Потоа некој од вас се разболел. Сега пак го одложувате процесот затоа што наводно поротниците немале  безбедносен  сертификат. Седете тука, зошто ја напуштате седницата? Кажете што ќе правите на трети, на седми овој месец, за кога требаше да продолжи денешното рочиште?“ инсистираше  специјалната обвинителка.

Јанева ја предизвикуваше судијката да ја казни:

“Казнете ме, слободно казнете ме. Но, нема да си одите. Еве го мојот безбедносен сертификат. Покажете го сега вашиот и набројте кој од вашиот судиски совет има, а кој нема безбедносен сертификат. Ете, да расчистиме и следен пат да не го користите ова како причина за одложување“-се расправаше Јанева и дојде до пултот на судијката.

“Немате право вие да барате од мене безбедносен сертификат. Седете, вие не го почитувате судот“, рече Башевска .

“Доста!“-повика Медарски. “Одговорете кај ви е сведокот Груевски“.

Вака од прилика се одвиваше денешното рочиште од судскиот процес Пуч, во кој на обвинетите им се суди за подривање на уставниот поредок и обид за насилно преземање власт.

Главниот сведок Никола Груевски како и десетина пати досега не се појави да сведочи, иако тој со помош на тајните служби кога беше премиер го снимаше тајно лидерот на опозицијата кој дојде во неговиот кабинет во Влада да го предупреди дека поседува за него прислушувани материјали.

 

sudnica-puc-zaev-72347632

 

Судијката  Башевска сепак не ги казни Специјалната обвинителка и адвокатот Медарски, туку среде расправија едноставно ја напушти судницата.

По оваа драма во судницата , лидерот на СДСМ Зоран Заев даде изјава надвор пред Судот:

“Судството е на колена. Ова е политички, а не правен процес и е срам за судството. Но вака ќе биде уште само 40 дена. Потоа ќе следуваат промени во судството“, рече Заев, обвинувајќи го Основниот суд Скопје 1 и претседателката на судискиот совет Љубинка Башевска дека го кријат сведокот Груевски пред изборите.

 

zaev-sud3

„Денеска претседателот на судскиот совет покажаа пред јавноста дека немаат намера да водат правен процес, туку водат политички процес. Суштината на одлагањето се состои во неколку моментуми. Тоа е целокупна стратегија на бандитската власт која  што има намера да го држи во живот процесот кој што е врзан со најсуштествената тема во Македонија, а тоа е кој го правел и како го правел прислушувањето во Македонија“, истакна Заев.

Од Основниот суд Скопје 1 по затворање на рошиштето објавија соопштение во кое тврдат дека и покрај нивно инсистирање, дел од поротниците не го добиле потребниот сертификат навреме.

,,За сето тоа на денешната главна расправа, во присуство на јавноста беа известени странките во постапката, како и присутните претставници на медиумите, а главната расправа беше одложена на неопределно време, односно се додека неопходните сертификати не бидат доставени до судот.

Со цел да не дојде до одредени манипулации, ja потсетуваме јавноста дека по конкретниот предмет беа одржани 10 главни расправи од кои 6 беа одложени бидејќи обвинетите постојано беа на службени патувања, потоа 3 расправи беа одложени по барање на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ), од кои една расправа заради приватна прослава на обвинителката Јанева, а само минатата расправа беше одложена заради болест на еден од судиите – поротници, нешто што неможе да се предвиди. Од таму нејасно е како судот го одолговлекува предметот повеќе од една година, како што обвинуваат странките” – стои во реакцијата на судот.