Неколку часа траат разговорите на државниот врв на кои треба да се заземе заеднички став за разговорите за името со Грција.

Премиерот Зоран Заев ги информирал присутните за досегашните чекори и напредок во разговорите и комуникација со претставниците на грчката Влада, а се очекува министерот за надворешни работи Никола Димитров да ги изложи предлозите за името на нашата држава од посредникот Метју Нимиц.

На разговорите во Клуб на пратеници учествуваат претседателот Ѓорге Иванов, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Заев е придружуван од Радмила Шкеринска и Никола Димитров, Мицкоски од Александра Николовски и Владо Мисајловски, Али Ахмети од Хазби Лика и Бујар Османи, претседателот Иванов од двајца свои соработници од кабинетот.

Состанокот се одрѓува на иницијатива на Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

На средбата се разгледува иницијалната рамка за решавање на разликата околу името, која ја предложи личниот претставник на Генералниот секретар на ОН г-динот Метју Нимиц на 17 јануари во Њујорк.