Вознемирувачки, нечовечки, сурово, тажно, болно. Вака може да се опише состојбата на напуштен коњ и оставен во неверојатно лоша здравствена состојба во близина на Кванташки пазар.

Благодарение на љубители на животни, тој со скршен врат и ‘рбет беше подигнат да не скапува жив на сонце, без вода, само со сноп сено во уста.

Видео материјалите што следуваат се крајно вознемирувачки.

Posted by Emilija Malite Palavkovci on Monday, September 7, 2020

,,Со снопче сено во устата и солзи низ лицето, така денес си замина Баксуз. Не мораш мило коњче повеќе да го стискаш сеното со изронетите заби, таму имаш најубави пасишта со најзелената и најсочна трева. Знам дека во твојот живот единствено нешто за кое мечтаеше е тоа малце сенце и ако можеше барем да те одмине ќотекот и полесен да ти беше товарот… И да, баксуз си!!! Баксуз си што од сите реалности во кои можеше да се родиш, ти се роди баш во оваа каде што ве товарат секој ден и по цел ден додека не ви ги свиткаат кичмите а после со ќотек ќе ви ги докршат. Истото и на тебе ти го направија. 😢😭“-пишува на својот Фб профил Emilija Malite Palavkovci

Целиот во рани и лузни од тепање, покрај ‘рбетот и вратот скршен. Во светот сте луксуз, кај нас ефтина стока на сточен пазар! -пишува Емилија Гогова.

Posted by Emilija Malite Palavkovci on Monday, September 7, 2020

,,Има товарни возила, има железни приколици! Ова е жива душа од крв и од месо. До кога институциите ќе го игнорираат овој проблем? Кој ќе го реши ова ако не вие што сте надлежни?! Оставете тогаш да формираме полиција за животни и ние да го решаваме, да видите тогаш како се решаваат проблеми од ваков тип. Полицијата и Агенција за храна и ветеринарство вечито спијат. Сѐ додека не се крене јавната свест, ќе си фантазираме и ќе паламудиме како во другите земји сите нешта се поинакви. Таму живеат поинакви луѓе, верувајте. Таму законите се применуваат и делата се казнуваат. Чувствувам огромна жал и тага за ова што им се случува на животните. Има друго коњче на ливадата, го даваат ромите ама нема каде да се носи. И куче врзано за оградата. И еден куп други коњи кои гладни и жедни трчаат натоварени по жешкиот асфалт. За мнозинството тоа е нормална појава и остануваат недопрени. За институциите па, минорен проблем во споредба со другите. За тие што се свесни за себе и околу себе, ова е ерозија на душата. Полека но сигурно. Нека ти е светол патот коњче мило! На никого да не простуваш оти за злоба не се простува“-вели оваа хумана активистка, која со свои истомисленици се обидуваат да помогнат и да ги заштитат животните од малтретирање на суровите луѓе.

Ова недолжно, малтретирано коњче не го издржа транспорт. почина во големи маки. За капка вода, малку сено, многу човечност.

Posted by Emilija Malite Palavkovci on Monday, September 7, 2020

Поразително за човечкиот род!

АКо.мк