Крадци убија жена во Охрид во нејзиниот стан

Повозрасна жена во својот стан во Охрид на улица ,,Галичица“, на 20.02,2017 околу 20 часот, е убиена од крадци кои влегле да ја ограбат.

Неофицијално,  жената им се спротиставила на крадците, по што тие ја усмртиле со нож. Жртвата е на возраст од околу 60 години.

Екипи на полиција и истражен судија, направија увид, а денеска ќе бидат соопштени повеќе детали за немилиот настан.