Кралицата Елизабета Втора ја подржува одлуката на принцот Хари и на Меган за самостоен живот

По денешната средба на кралското семејство, Бакингамската палата ја објави првата изјава на Кралицата Елизабета Втора по одлуката на принцот Хари да се одвои со неговата сопруга од кралското семејство да води самостоен живот.

,,Денеска нашето семејство имаше многу конструктивен разговор за иднината на мојот внук и неговото семејство. Ја поддржуваме неговата одлука да води самостоен живот. Иако би сакале да остане како постојан член на нашето семејство, сепак ја разбираме нивната желба да бидат повеќе самостојни и притоа сепак да бидат дел од нашето семејство.Хари и Меган јасно ставија до знаење дека во својот иден живот се одрекнуваат од нашата финансиска помош. Затоа е договорено во наредниот преоден период своето време да го минуваат во Канада и во Велика Британија. Конечната одлука ќе биде донесена во наредните денови“-стои во изјавата на кралицата Елизабета Втора, пренесуваат британските медиуми.