Британска кралица Елизабета Втора, која владее веќе 65 години, утре ќе ја прослави 70 годишницата од бракот со нејзиниот сопруг, принцот Филип.

Кралицата, како принцеза Елизабета и британска престолонаследничка, се омажи за Филип Моунтбатен, на 20 ноември 1947 година.

 

70 години потоа, кралицата Елизабета и нејзиниот 96 годишен сопруг, се уште се на кралскиот трон во Велика Британија.
Како што пренесуваат британските медиуми, големиот ден, нема да биде јавно одбележан, туку само во кругот на кралското семејство.