Кралицата Елизабета со концерт го прослави 92 роденден

Британската кралица Елизабета Втора со концерт во салата” Ројал Алберт Хол” во Лондон го прослави 92.роденден. На роденденската прослава на крилицата и пееја: Том Џонс, Кајли Миног, Стинг, Шеги, Шон Мендес,” Ледисмит Блек Мамбаза”, Ан-Мари, Крег Дејвид и Донел Мангена. Кралицата на концертот уживаше заедно со членовите на своето семејство, принцовите Чарлс, Вилијамс и Хари и неговата девојката Меган Маркл.  Нејзинот сопруг, принцот Филип не можеше да да присуствува бидејќи се опоравува од операцијата.

Целокупниот приход од концертот ќе биде донирано на новата хуманитарна организација “The Queen’s Commonwealth Trust” која ги охрабрува младите луѓе да постигнат подобри резултати во спортот, образованието и во здравството во 53 држави.

Инаку, ова е само почетокот на прославата на роденденот на кралицата Елизабета, бидејќи во јуни ќе се одржат бројни манифестации како паради, фестивали и концерти.